кога и да читам за косата ти твоја, замижувам…
Posted by istocna on jan 23, 2010
Денес усните ми се црвени – сакам да бидам Дилајла со својата самсонска коса, да ја скратам во неправилни интервали на смеата и да станам дел од некој друг космос, мада знам: тоа нема везе со косата,
па сепак, самиот ќе се заробиш… а јас:
се заљубувам секој ден во милион зборчиња…
се заљубувам во емоциите од пред неколку ноќи, кога врнеше со боја налик на циклама дожд…
се заљубував кога лежевме и ги гледавме ѕвездите низ плафонот од мојот стан…
која е иначе користа од заљубување, ако не направи од мене Пепелашка…
која корист од размислување, ако нема делување.
ете, јас ќе се однесам у Лисабон и ќе го замолам Вим Вендерс да ми раскажува за Крајот на Светот…
… а сега брзам…
Ran, Lola, ran!