«
»


Тоше…♥ `се да се собере, љубов ќе остане

Posted by istocna on jan 25, 2010

…оставам да боли…
Ноќта ме најде стуткана на прозор, ведра, ѕвездана, проткаена со последните мириси на ружите, оние црвени како крв. Од врвот на месецот се ширеше Млечниот пат кон бесконечноста. Постоев во тоа покриена со болка и шише црно вино. И онаа бела свеќа за да ги избрка далеку злите духови, си зборував сама. Во тоа глуво доба кога `се се чини возможно, вриштев длабоко во себе, вриштев како за`рѓани стрелки на ветрокоз. Ме разори звукот на хеликоптерот… По многу време се вратив по неа, по онаа напуштена прашлива дрвена кутија со амајлии, руни, темјан, свеќи, кристали… со иконата на Св. Ѓорѓија. Прејако мириса на изгубена надеж. Во овој одамна заборавен ритуал нема ништо драматично, нема чуда, само детски трик да се растера тагата, мракот. Болката, у бестрага!
А можда и сакавме да бидеме пустолови. Да одиме кон сонцето со само еден куфер, да немаме поима каде ќе се разбудиме утре. Враќањето во градот во кој некогаш живеевме е како враќање кај стар пријател. Тамо кај што се подносливи сите оние игри без граници и сите оние мигови на страв. Страв од губиток, страв од минливост. Далеку некаде од сите погледи каде што се испива горкиот еликсир на животот.

Tose4_640

Share
Leave a Reply

Comment