влијанието на снегот врз смислата на постоењето
Posted by istocna on fev 10, 2010
Повторно снег . Ми се приближува така еден пенушав бран на малодушност, а не барам сламка да се фатам за неа, можда покасно, сега сум нешто мрзлива и си мислам… ако почнам како Х.Х. да ги запишувам мислите што ми плутаат низ глава, у некој скриен ќош на мозочните реални премиси сигурно ќе најдам сламка што ја прават мојата егзистенција значајна и пуна со смисла.
Ама не сега, сега почна да паѓа снег, и нема ништо поубаво од тоа и од она кога си раат и те боли *** за све…
Тенка е онаа линија
помеѓу
лузери
и
“успешни среќници“.
Никому не му е потаман.
* памтам една SMS од лани:
“… кога ме пољуби и си отиде, почна да паѓа снег.
седнав на клупата и почнав да плачам.
поминаа некои деца и ги слушнав како зборат:
види го, пе*ер !!! “
решив да ги посвојам твоите мисли-
после ќе се шетаме покрај вода-
ако ништо не говориме- тоа е ради знаеш-сите оброци денес ми се овошје-време исток-
времето е :
помини покрај мојот мозок, ќе те успорам
…