«
»


Mомци кои го носат моето име

Posted by istocna on fev 17, 2010

мене ми се седи дома.

по пижами да се акам, на топло. да гледам теве повремено, да читам таблоиди оналајн/вените на мАдона, дечкото на кејт мос, да и го следам секое пола кило што ќе го додаде, солзите на бекам… ноот!/да читам и да запишувам по маргините.

да, да. да читам и да запишувам по маргините. нова тетратка, ново пенкало нова тастатура, нови книги. стари книги, нови читања. да правам сендвичи кога е итно да ми готват од мерак.

секоја вечер ми се буди некоја голема разнежнетост кон моето тело: ќе успорам со пушење, со горко, кисело и луто, модро и зелено, модро и зелено. пензионерски прошетки по школски двор, по клупи. да успорам со луѓе, не дека ми е турбо. да го осетам, колку е силно.

само што дојде до тоа и тоа да треба да се заслужи. добро е кога наутро може да ти текне на што си се колнел, неколку часа пред да заспиеш…

I.
Денес астрономот кој го носи твоето име
на врвот од својот телескоп
откри комета-девица.

Јас барам име за моите телескопи
кои ќе ми ги крстат светлините во очите
во времето и просторот на нашите средби.

II.
Денес поет кој го испишува твоето име
по неговите 29 години
се појави со книга во рака.

Јас откривам исти наслови
за сите мои песни и тектонски потреси,
по патот што ти го бележиш со сопки и џамлии.

III.

argentina09Денес започнува вечноста,
јас исцртав план однапред за неа.

Се обложив со тие исти скинати копчиња
што ми ги остави,
дека додека го испишам твоето име
на 888 различни начини,
ти ќе ми се вратиш…
по уште 999 патеки.

Share
Leave a Reply

Comment