Oва не е љубовен пост
Posted by istocna on mar 14, 2010
понекогаш ме оплеменува самотијата кога те нема на мојот кауч. тогаш мотам една со оној жолт, дамаскин тутун во сина хартија и ги собирам оние слатки зборови и допири како хербариум со ретки билки, за некои немирни времиња, оние, кога не е доволно тропкање во тибетанските лончиња за терање на лошите духови и кога мислам дека со моето сочуство можам да го сменам светот. тогаш второто на што помислувам е: ј*бало ме сочуство и крива идеологија, кога и онака светот почива на оксиморони и сувишности кои треба да се истераат… но сега е пролет па можам да го оставам прозорот цела ноќ отворен, и онака никогаш не сум сигурна дали сум пуштила доволно кислород внатре.
сакам со боси стапала и мокра коса да ти раскажам уште една приказна пред да приметиме дека се разденило, иако е утре работен ден.
понекогаш имам чувство дека само ти знаеш да ме направиш брилијантна – и расплакана и насмеана и мокра од дожд…
…под сонцето
