лајт дримс
Posted by istocna on avg 31, 2010
да лутам
бесцелно
по трамваите
низ градот,
да седнам
на некој
плоштад
пред некоја
црква
и да слушам
музика.
да слушам
и гледам.
да сликам,
да се смеам
на глас,
да се
осеќам
несташно.
да изгледам
многу
веројатно
современо
боемски…
и да ти се препуштам… гледај ме, знам дека сакаш… како што ме гледа сонцето преку работ од прозорот додека му се кријам во самракот со кесичка бомбони… Возбудливо… како само знаеш да бидеш слаткоречив, ко да сум јунакиња од “1001 ноќ“ - тоа е само процедура - на фин начин ме спојуваш со моето супер-его… ама ја знам за све тоа,
ја сањам унапред.
… сивото исчезнува помеѓу оние силни прегратки
и тихиот крик на оргазмот…