регулар… или &
Posted by istocna on sep 5, 2010
мојот омилен поет, Ч. Буковски на Балканите, ме утеши, онака, дека не залудно ги типкам мојте емоции по тастатурата…
Источна, решив да навратам. фино зрееш дете, ти го давам тоа. и ова подолу – некаде помеѓу – има некои моменти атипично женствени. знам, је*** муабети со родова конотација, па ипак. види, не е дека деновиве на човек би можело да му успее да претера, едноставно не постои екстрем. некако се’ убивме, на фин начин, се’ превртивме, али јебеш, можда и излезе која перспектива. еве, тебе ти успева, па и мене понекогаш кога ги читам коментарите. не е дека некому сеуште му дошло до литература, али тоа је и трикот. ваљда.
да, и јас мавам 2-3 чаши… не секогаш море, иако понекогаш ми успева да видам и брег. замисли.
пишувам нов расказ, слатка приказна за лудите згради и светлата во окото на ноќта… на шега. пишувам турбо, по 3-4 реченици дневно, кога ми иде рука доаѓам и до шестата.
аристократска работа.
фала ти, Петроф, а пропо:
регулар… или &
Потсетуваш на ливадите покрај градот во кој сакам да живеам. Исток, е ебено предалеку, а во него сум само мисла, слика, опиплива како магла. (Дамаск…)
Но, каде и да одам, сегде доаѓаш. Онаа војска собрани допири наутро ги претворам во насмевки, па ги расфрлам на сите страни… после плачам… 
Осеќаш дека нешто си направил ,
си вартил накоја капка вода на вселената…
Тогаш мирисам на исчекување. И сосема е логично да го промислам чекањето… пијам 2-3 чаши море…
И `се уште се посматраме низ ветробрани, заштитени од зближување. Твојата ѕвезда… хм… ја има бојата што највише ја сакам, ама следниот пат кога ќе одлучиш да се спуштиш, пази да не се сплеткаш врз разголените облини на месечевата ќерка…
Ја потопувам оваа ноќ со Алмодоваровите погледи на стварноста,
ти ги допирам усните…
ме лижеш,
ја држам твојата рака…