Продолжена секунда – Ејми Вајнхаус

Posted by istocna on jun 5, 2010

Да не беше девојката, која, за многу, а всушност  за најголем дел од луѓето e изгубен случај (но, краткиот излез од рихаб, и* го покажа лицето некако сосема ново, тажно и чистo). Read the rest of this entry »

Share

Cосема случајно

Posted by istocna on maj 29, 2010

Xм, да, да, сосема случајно… како случајности да постојат.  Недореченоста ја надокнадија  движења на телата, жиците на гитарата… запалена цигара у пепељара…

секогаш постои последна вистина зад вистината што ја криеш. Read the rest of this entry »

Share

Tатко ми сакал син :)

Posted by istocna on maj 12, 2010

Денес сакам да ги гушнам сите што ги сакам и да ја измерам должината на нивните насмевки, да ги поведам со себе и да се растопам…
во еднаквост со пролетта…

(сеуште трае таа alfa сензација
на сите мои чувства,
он стварно знае да ме разгали)

Денес срцето ми се вика Махатма и
и Денес, само денес сум владетелка на Планетите… А сега одам да го направам Сонцето пожолто,
да ги измијам генетски-не-модифицираните Јагоди
и да ја дувнам мојата роденденска свеќичка.

… а и време е да пребројам колку космички кругови имам направено…

можда ќе докажам дека све се врти,
а ништо не се повторува.

oh27,2007

Share

јасика та

Posted by istocna on apr 6, 2010

… си беше еден комшија од соседното маало и имаше просечно убава кола… за него најубава на Свет! над неа вишно во метри кон Небото се горопадеше млада неколку годишна Јасика… радосно трепереше со среброто од мешиња на тукушто пркнатите лисја, шмекерски додворувајќи му се на пролетното Сонце. Со пила ја пресече комшијата Јасиката во мугрите на денот од Дрвото… му ја росела колата со сокови на Животот.

… а, прекрасната Јасика сеуште молкум беживотно лежи на само чекор од своето вито стебло и во своите последни мигови на зелено и сребро, грчевито суштествено му пркоси на крајот, прашувајќи се каде ли погреши и со што некого навреди… драго ми е што во допир со неа, сите ние драги мои, наново и наново го гледаме ликот на ближниот свој, кој како да паднал од друга планета и не вознемирува со конкретната вистина, дека ѓубрето е пред нашите порти… можеби засекогаш…
rabuzin-ivan-drvece-seriografija-54x74-cm-slika-1431449

Share

Вирџинија

Posted by istocna on fev 25, 2010

Смртта на писмата ја забележа Вирџинија Вулф околу почетокот на минатиот век, чии деца сме. Малку се колебав околу она „чии деца сме„: би ја отфрлила лесно и со драго срце, од повеќе од само неколку причини. Стилистички е речиси неподнослива, а стилот во некои други јазични па и концептуални сфери е пресуден во однос на вредноста. Има и друга инстант опција: „чиј производ сме„. Производи сме, колку и да се опираме на таа одредба. Некои од нас во поголема, некои во помала мера…

Веројатно ќе се се смеам гласно, со груб до вулгарност звук додека го препрочитувам текстот на Вулф наспроти белешките од моето сеќавање, додека го препрочитувам текстот, тоа ако го најдам. Ја читав неодамна, зимово, додека барав автореферентни текстови на жени писателки. во европа, западна, централна, накај северна, од МКД гледна точка (ова околу компасот, за мене мов е за галење, а и за откинување од лебот) , жените што се занимавале со пишување, или ведрана рудан што би рекла : пискарала, па и писателки, се движат од калугерки – некогаш(светици сега, некои од нив), домаќинки – сега (претежно книги за деца, но светлосни години далеку од нешто што би личело на Луис Керол, ова откако ги систематизирале сите рецепти и адресарот, па повторно Змејот Досада ќе почне да ги голица со црвен чадор па брзаат со списоците за на пазар). Азијките куртизани. Ќе го изоставам коментарот за оние ликови, често девојчици кои пишуваат за своите е*ачини додека содржината Луи/Витоните ќе се разлее покрај креветот. Ова ти го пишувам колку и да не ти е интересно и исто толку непровокативно за читање како што би биле оние гореспоменати списоци за на пазар, го пишувам како експеримент, обид да се разбуди од клиничка смрт , дијагнозата одредена од Вирџинија Вулф, а тоа го правеше со значајна доза на меланхолија, ако добро се сеќавам, а не се сеќавам.

A тешко ми е бидејќи постојано ме вшмукува во себе интензивниов вртлог кој се движи помеѓу краниумот и градите, па ми се склопуваат очите. Ама во грч. Ќе има многу грчеви во ова писмо.

Поигрувањата се скромни: симболични и магични, и скромни дури и на лично ниво. Заборавив да ти кажам дека без самракот испаруваат, ги снемува, како витамин Д, како они деликатни хранливи состојки. Да речеме што се во млекото. Стаклена флаша млеко на дневна светлина, во близина на кујнскиот прозорец, и – аш! Како и да се движам, што и да правам тоа е река , јас сум река, а тие лешкарат, лезетарат, по хаосот како овој сега во мојата соба. Откако дојде ти и хаосот се повлече, а вечерва, со самоволието, инаетот, кои не се мои, и надојде. Како плими и осеки. Башка и полна месечина е. Или беше?

Знаеш ли што знаеш да (на)правиш? Да ме повлечеш по ракавоt , да ми ја потегнеш внимателно , па да речеме нежно, раката, и да ми ја покажуваш месечината. Затоа сеуште верувам во тебе. Верувам дека е можна деа во сета брзина што ти се случува ќе се седнеш и ќе го прочиташ сето ова. И овде и у инбокс, овде ремикс, таму демо. Овде во собава, албумска верзија. Ова е мојата музика, без финти за на сцена…

Ако се потрошив некако тоа беше трошење на нуркање кое беше потрага по бисери кои раскажуваат. Од тоа е составен светот, тоа се неговите граници, ѕидови и порти: ова ништо ново, веќе е „народна пословица„ у секој народен прирачник. А знаеш за охридските бисери . Тоа е обично со состојбите на луѓето.Дали се притиснати и присилени тоа да го прават или го избираат, зависи од општиот… брзам сега да се припијам до тебе, целата горка, наспроти… ќе продолжам после…Надвор сега се* е позлатено. Ќе подзатворам. Ете, слушалките велат, уште еднаш подударност
on a clear day i can see forever that the underworld is my oyster.

Се плашам од блискоста која следи, ама и не се плашам. Ама изглеа се плашам, а не се плашам од блискоста која ќе изостане. Надвор е златно. Кога почнав беше темнеца. со сребрени рабови, од месечината. И седнав да ти пишувам за мојот предлог околу заедничкиот и самостоен физички живот кој не остава трошки после доручекот на масата.

passionmetalheaddo5

Share

Mомци кои го носат моето име

Posted by istocna on fev 17, 2010

мене ми се седи дома.

по пижами да се акам, на топло. да гледам теве повремено, да читам таблоиди оналајн/вените на мАдона, дечкото на кејт мос, да и го следам секое пола кило што ќе го додаде, солзите на бекам… ноот!/да читам и да запишувам по маргините.

да, да. да читам и да запишувам по маргините. нова тетратка, ново пенкало нова тастатура, нови книги. стари книги, нови читања. да правам сендвичи кога е итно да ми готват од мерак.

секоја вечер ми се буди некоја голема разнежнетост кон моето тело: ќе успорам со пушење, со горко, кисело и луто, модро и зелено, модро и зелено. пензионерски прошетки по школски двор, по клупи. да успорам со луѓе, не дека ми е турбо. да го осетам, колку е силно.

само што дојде до тоа и тоа да треба да се заслужи. добро е кога наутро може да ти текне на што си се колнел, неколку часа пред да заспиеш…

I.
Денес астрономот кој го носи твоето име
на врвот од својот телескоп
откри комета-девица.

Јас барам име за моите телескопи
кои ќе ми ги крстат светлините во очите
во времето и просторот на нашите средби.

II.
Денес поет кој го испишува твоето име
по неговите 29 години
се појави со книга во рака.

Јас откривам исти наслови
за сите мои песни и тектонски потреси,
по патот што ти го бележиш со сопки и џамлии.

III.

argentina09Денес започнува вечноста,
јас исцртав план однапред за неа.

Се обложив со тие исти скинати копчиња
што ми ги остави,
дека додека го испишам твоето име
на 888 различни начини,
ти ќе ми се вратиш…
по уште 999 патеки.

Share

Животот е убав

Posted by istocna on fev 13, 2010

avatar_59

* Ова не е извадок од квазипсихолшки прирачник, ниту инспиративни редови преземени од некоја книга за самопомош и реализација. Личи така, знам, но ова е обид за семантичко проширување на некои од мислите кои ме следат во животот. Исто така и некои работи што долго време сакам да си ги кажам сама себе, но ете, почесто сум пред монитор отколку пред огледало.

Животот е убав ваков каков што е, во овој миг. Не е во ред кога дозволуваме нашата постојана потреба од нови нешта да го загрози балансот на сегашниот миг.

Поедноставено, сè е сегашност. Минатото е сегашност што веќе се случила а иднината сегашност што ќе дојде. (Oва е многу честа и комерцијална поделба. Jас не ја сфаќав долго време барајќи некава мистична смисла и метафора, но всушност, нема што да се сфати, тоа е начинот на кој времето се одвива во човечкиот ум.)

Оној кој трага по промени ја ризикува моменталната хармонија. Оној кој не трага пак, ризикува со среќата во целиот живот. Вклучи се во текот на својот живот, создај го својот баланс. Најди ја среќата во себе и не сомневај се веќе во нејзината форма. (!!!)

Твојот пат е невидлив, иако е прецизно утврден. Не барај ги патоказите, така сигурно ќе скршнеш. Барај го спокојот во себе, тоа е единствено мерило за одредената патека.

Време е да се истуркаш од спиралната колевка и да развиеш ’рбет.

и неколку цитати за Мација, мојата  домашна, питома тигрица…

Mаčkе pоstоjе како bi оpоvrglе dоgmu како је svе stvoreno da bi služilo čoveku.”
Paul Gray, umetnik

“Od svih Božjih stvorenja, samo se jedno ne može potčiniti i vezati na uzicu. To stvorenje je mačka. Kada bi se čovek mogao ukrstiti sa mačkom to bi njega unapredilo, ali bi unazadilo mačku.”
Mark Tven

“Primetio sam da ono što mačka najviše ceni kod čoveka nije njegova moć da joj obezbeđuje hranu, što uzima zdravo za gotovo – već njegovu sposobnost da je zabavi.“
Geoffrey Household, savremeni pisac

И Среќно во Новата Лунарна, и баш тиграста
(klik, klik…)

Фала на вниманието.  : )

Share

влијанието на снегот врз смислата на постоењето

Posted by istocna on fev 10, 2010

Повторно снег . Ми се приближува така еден пенушав бран на малодушност, а не барам сламка да се фатам за неа, можда покасно, сега сум нешто мрзлива и си мислам… ако почнам како Х.Х.  да ги запишувам мислите што ми плутаат низ глава, у некој скриен ќош на мозочните реални премиси сигурно ќе најдам сламка што ја прават мојата егзистенција значајна и пуна со смисла.

Ама не сега, сега почна да паѓа снег, и нема ништо поубаво од тоа и од она кога си раат и те боли ***  за све…

Тенка е онаа линија
помеѓу
лузери
и
“успешни среќници“.

Никому не му е потаман.

* памтам една SMS од лани:
“… кога ме пољуби и си отиде, почна да паѓа снег.
седнав на клупата и почнав да плачам.
поминаа некои деца и ги слушнав како зборат:
види го, пе*ер !!! “

решив да ги посвојам твоите мисли-
после ќе се шетаме покрај вода-
ако ништо не говориме- тоа е ради знаеш-сите оброци денес ми се овошје-време исток-
времето е :
помини покрај мојот мозок, ќе те успорам
;) gse_multipart16211

Share

Реџо поручује

Posted by istocna on fev 8, 2010

Реџо Баличот, коа си прочита како на пишано му изгледаат кажувањата, реши дека од амбицијата да стане Свети Реџо, у ствари сака да биде ко Тито: да има 10 тома книги за него. Реџо на крст на Водно, Реџо краде бензин од југа и голфови  (едино бољи голф од 2, е голф 1, идите на ауто нагазим, за повеќе инфо),  Реџо крка некоја таблета за воскресението Христово во К.П: Шутка и се џитка на рипит од втор спрат од кревет, Реџо служи АРМ 2001 летото… ма јачи е бре од Тито, можда не е бравар, али е и столар и аутомеханичар во едно, плус ми ја поправи бравата од соба, у пар потези…

07-10-09marshal1

Share

8-ма, хе.

Posted by istocna on fev 5, 2010


… кога допирот е `се…

го вдишувам мирисот на полната месечина, претчувствувајќи ја пролетта по кожа како свила, како плишана мов… и се преродувам, почнувам да се осеќам другачија. почетокот секогаш по малку ме плаши, како мигот кога повторно го чувствувам твојот допир… и се прашувам, значи ли тоа дека треба да сум као, знаеш она – manta, manta, manta, sve mi se manta

и стварно, кога палам цигара и кога молчиме,
{а сакам кога молчам со тебе},
скоро како да не дишам
{не, од молчење не се умира, ама од не-дишење – да}
и ко за беља ќе се сетам на она од Бернард Шо*, по ѓаволите…

Mоменти кога морам да ја оставам себеси можноста повторно да исчезнам, по којзнае кој пат, кога сама себе сум си доволна {ова не е вистина} и победнички да појдам во лов на ветрот за оние мои застанати ветерници, само за да се вратам. A и знаеш дека ги имам оние ноќи на пролет кога заспивам во љубичици, за да можам да ја преживеам зимата…
… Sad kad sam samo tvoj
Zbog nas se predaje zima
Proljece nosimo na dlanu…

не знам… кај мене понекогаш све мора да биде совршено неочекувано… можда затоа ми пашеш.

1160994151_lsd_prew

*U zivotu postoje dvije tragedije.
Jedna je kad izgubis ono sto
najvise zelis.
Druga je kad bas to dobijes.

Bernard Shaw

Share