Aвгуст е понекогаш ‘глупи август’
Posted by istocna on avg 2, 2010
допирите што ги собирав пред неколку полни месечини си ги сокрив под прагот. таму никој нема да ми ги украде.
и неколку од нив, заедно со слатката смеа ги фотокопирав за да можам да ги носам со себе. наместо компас.
ми треба само добар разглас за да го чуеш моето шепотење преку два-три меридијани. и малку фантазија. така меѓу нас нема да застане ништо освен тенката опна на сетилата за допир.
денес ми требаше само двапати: да ми купиш цигари и да ми ги стоплиш стапалата.

uvjerili bi se da život ne zaslužuje da o njemu
suviše mnogo brinemo…
Ljermontov
Cestit 1-vi Maj !
Posted by istocna on maj 1, 2010
знаеш, имаме два сериозни проблеми у македонското политичкото миље:
1. недостаток на (модерна) левица
и
2. десница која националните вредности ги дефинира во конфронтација со европеизација односно модернизација воопшто
онака само…
ради политичка коректност.
Nije lopov onaj ko pljačka banke,nego onaj ko ih osniva
by Berthold Brecht …klikni me slobodno…
Успут… бифор ај слип
Posted by istocna on mar 29, 2010
Фино што ме потсети ноќва на она кога ми збореше за Кундера, кој успут кажал:
јer “nikoga još ne zatvaraju zbog mišljenja”,
a
“značaj Praške jeseni mogao bi u konačnici
biti veći od značaja Praškog proljeća”.
… и кој бескрајно многу дувал и бескрајно врските му пропаѓале затоа што не бил сфатен… и кога ми збореше за свемирот на нашите мммм желби уз држење за раце… и љубење… скриени по селските патчиња покрај автопатот… и се присетив кога со раширени раце викаше “јас сум патник на светот“… хе… дека ќе имаш следбеници кои ќе станат патници на светот со кои ќе се среќаваме успут по патиштата…
а ако тоа не ни успее ќе одиме у Индија, па успут и кај оној Саи Баба да не излечи од вакви мисли…
… па можда и ќе се просветлиме … успут…
додека пиевме многу, многу пиво…
…баш фино што ме потсети …

»Veliki duše, pomozi mi
da nikoga ne sudim,
dok nisam
mjesec dana hodao
u njegovim mokasinama…«
(Iz Indijanske molitve )
Oва не е љубовен пост
Posted by istocna on mar 14, 2010
понекогаш ме оплеменува самотијата кога те нема на мојот кауч. тогаш мотам една со оној жолт, дамаскин тутун во сина хартија и ги собирам оние слатки зборови и допири како хербариум со ретки билки, за некои немирни времиња, оние, кога не е доволно тропкање во тибетанските лончиња за терање на лошите духови и кога мислам дека со моето сочуство можам да го сменам светот. тогаш второто на што помислувам е: ј*бало ме сочуство и крива идеологија, кога и онака светот почива на оксиморони и сувишности кои треба да се истераат… но сега е пролет па можам да го оставам прозорот цела ноќ отворен, и онака никогаш не сум сигурна дали сум пуштила доволно кислород внатре.
сакам со боси стапала и мокра коса да ти раскажам уште една приказна пред да приметиме дека се разденило, иако е утре работен ден.
понекогаш имам чувство дека само ти знаеш да ме направиш брилијантна – и расплакана и насмеана и мокра од дожд…
…под сонцето

кенозоик
Posted by istocna on jan 31, 2010
Заразни ми се некои твои мисли, ама успевам да излезам од кругот – ретро емоциии.
… плимата се насели под мојот кров, под мојте стапала, во гласовите на cd-aта…
(време е да купам карта…)
Се случи одеднаш, иако најавен во еден сон, но не ги разбрав симболите, ни стапките за следење. У ствари, у задње време има се повеќе нешта кои не ги разбирам…
… или превише ја провоцирам стварноста.
Младиот месец ми остави трага овојпат.
Моето име е Луна, пишувај ми на меѓугалактичка адреса… вакуумот на љубовта знае да отиде предалеку понекад (не смееме да мислиме на тоа).
Води ме у крајности, ти знаеш подобро од мене… изненади ме! Јас сум некад само еден патник низ времето.
Ако идам доволно долго на запад, ќе стигнам на исток.
Може ли да се случи нешто без да се случи ништо?
Безначајности не постојат кај нас.
Uzalud me budis u pola 6.
Nema nigde nikog i nemamo kud.
Od onoga sto vidim mi ponestaje dah.
Ostaje da ostanemo gde smo sad.
Reci mi, kenozoik nije za tebe…
(i onda ide 3, 2, 1 – akcija!)
… а ние и натаму си делиме портокали;
Витамин C сепак e неопходен… : )
дуњо моја, веќе е, пролет е безмалку
Posted by istocna on jan 30, 2010
Како да бев една од оние митски љубовници кои биле претворени во сончогледи… кога го сликав Сонцето, летоска тоа. А дуњите* … тие `сеуште ми стојат како украс на полиците и шират фин мирис – златното овошје на љубовта, помалку заборавено. Значи… вака некако:
osam decilitra crnog vina (teran),
300 grama dunja,
100 grama šećera,
jedna žlica maslinovog ulja
i papra na vrhu noža
stavite u zemljanu zdjelu, izmiješajte, uronite žlicu i prepečen kruh i poslužite s osmjehom.
Kako bi rekla naša Grace – lipo zadaju dunje na armanu. Ipak, iskušate li pokoji ovotjedni pripravak vjerujemo da će vas osim mirisa iznenaditi i punoća okusa ove tako često opjevane voćke.
(да… Ти си она што сликаш… )
а пред неколку ноќи ми кажа,
“…ама ти многу го сакаш сонцето…“
* Dunja, u grčkoj mitologiji simbol ljubavi, sreće i plodnosti, i danas plijeni pažnju.

кога и да читам за косата ти твоја, замижувам…
Posted by istocna on jan 23, 2010
Денес усните ми се црвени – сакам да бидам Дилајла со својата самсонска коса, да ја скратам во неправилни интервали на смеата и да станам дел од некој друг космос, мада знам: тоа нема везе со косата,
па сепак, самиот ќе се заробиш… а јас:
се заљубувам секој ден во милион зборчиња…
се заљубувам во емоциите од пред неколку ноќи, кога врнеше со боја налик на циклама дожд…
се заљубував кога лежевме и ги гледавме ѕвездите низ плафонот од мојот стан…
која е иначе користа од заљубување, ако не направи од мене Пепелашка…
која корист од размислување, ако нема делување.
ете, јас ќе се однесам у Лисабон и ќе го замолам Вим Вендерс да ми раскажува за Крајот на Светот…
… а сега брзам…
Ran, Lola, ran!
таке off your dress and sell it to me
Posted by istocna on jan 7, 2010
И како што љубовта се множи со делење, така и мојте желби се множат, како зајачиња. И ми бегаат под прстите, не можам да ги фатам, а ако и фатам една, таа прави неколку нови и така во бесконечност… станува помалку досадно.
Заштитена сум од среќата која ми се нуди, од мирисот на косата, кожата,
во еден остварен сон на нашите срцеви пукнатини.
Перцепцијата се менува со тек на време и грешките кои ги правиме се само еден од начините да искуствено дознаеме што е правилно, дури и кога некој пред нас тоа веќе го знае… потребно е понекогаш да се осети жигот на сопствена кожа – можда стварноста е единствено така доволно уверлива за да не убеди како све е само видео-игра.
Марс ми е у куќата на љубовта, а Сатурн ми се смее. И Сонцето е на моја страна. Ама јас сум пи**а и не го правам она што го сакам…
… a во твојата плава блуза светот изгледа така питомо…
“Драга идна источна, ти пишува сегашната источна изгубена околу екваторот на желбите, меѓу многу случајни минувачи во плави блузи…“
… или све ова е холограм?!

Зимскиот циклус убави обичаи
Posted by istocna on jan 4, 2010
Според христијанската митологија односно битовото христијанство, на Божик се слави раѓањето на Младиот Бог, чија смисла може да се разоткрие во древните претстави за раѓањето на “новото“ Сонце.
Овој циклус на обреди, почнувајќи од Коледе, со обредното палење оган како момент на иницијација кога момчињата над 12 годишна возраст поминуваат од состојба на аморфност во светот на возрасните (називот потекнува од древните римски `Календи`, посветени на зимското “мирување“ на сонцето), Бадник, Божик, Василица односно Стара Нова Година, па `се до Водици, е оној граничен период меѓу Старата и Новата Година познат како “Некрстени денови“ или “Зло време“ – време на демони и нечисти сили, односно време на деструктивност и хаос.
Тогаш крстот се наоѓа во “мирување“ губејќи ја својата моќ, се до неговото фрлање во вода.
Во некои обредно – магиските ритуали од овој циклус, поради губење на идентитетот во хаосот, учесниците во строго одредени магиски дејства се појавуваат маскирани со вулгарни и еротски елементи, а карневаските маски содржат зооморфни претстави, како и задолжителните маски на зетот и невестата (`невестата` е маскирано момче), кои симулираат полов однос.

Божик, Младиот Бог брзо расте, а за негова заштита од злите сили на хаосот, до Богојавление и неговото крштевање, елките стојат накитени, а карневалските обреди се проследени со галама, бука и музика, со што се изгонуваат сите демони.
Со палењето на огновите всушност му се дава сила на `новото` сонце. Божик е најголемиот празник во зимскиот циклус празници. Како еден од основните симболи на сончевиот небески оган е всушност крстот, а со тоа и на соларното машко божество. За разлика од кругот и квадратот, крстот како знак ја фокусира идеата за сакралниот центар, од кој што почнуваат четирите планетарни насоки (запад, север, исток, југ).
Често крстот е модел и на самиот човек, како антропоморфно божество, а како таков ја содржи и геометриската варијанта на космичкото дрво. Тој ги симболизира силите на плодноста и единството на материјата и духот, а во христијанството е олицетворение на бесмртноста односно воскреснувањето.
Така, од позиција на битовото христијанство, крстот и прекрстувањето со рака имаат особена магиска сила да ги прогонат злите духови и демоните на болестите.

Водици односно Богојавление, сврзан со представата за крстена вода, а за што треба посебно да се даде претстава за култот кон водата и нејзината важност од митолошка гледна точка, е основната компонента на овој праник на која и се придава прочистителна и воопшто, лековита, оздравувачка моќ.
Осмислено во христијански дух, со потопувањето на крстот во вода, на кој најчесто се прикачени и гранчиња босилок, таа станува богојавленска, света вода, а крстот повторно ја враќа својата моќ што ја изгубил во текот на тн. некрстени денови, при што се изгонуваат сите нечисти сили.
Македонците веруваат дека ноќта наспроти Водици небото се отвара за да водите се прочистат, при што ја добиваат својата моќ. Овие, прочистувачки по карактер обреди, тесно се сврзани со древниот култ кон водата.
(авторизирани теренски истражувања)
Везилка
Posted by istocna on dek 31, 2009
ги има тие места, толку посебно драги за мене. ако ме прашаш кои се и каде, веројатно муабетот би го затворила у мириси, а потоа би запалила една цигара.
***еш, се дешава да ти пријдат преблизу, и од време на време да им успее да ја донесат аромата, иако тоа не е правило. не е ни исклучок. можеби е сон. но тогаш, зашто се будиш? потценета е љубовта. потценети се битните детали. тоа е ко влага – никој не приметува. порадо би ние околу мејкапот и сл. накити.
нема мир во целава приказна. нема заобиколен пат… тоа се јасни работи. човечки. неумерени.
ако се потрудам да опишам една таква состојба, би рекла дека е тоа близу до мирисот на дожд во воздухот. и мирисот на пржена риба. го имам овој проблем со, ајде да го наречеме, полна кафеана. полна, но не со луѓе или музика. или чаши и отпушоци, иако умеат да ме префрлат до поентата. би можела вака со часови, нема да биде изгубено време, зашто немам што да потрошам. никој не троши, тоа е само метафора. не е ниту изговор, мислам дека не е ниту пропуштена шанса; да речеме дека е финале. финиш. цел. кога си добил нечија наклонетост. кога флертот се исплатил до последното пени.
Го сакам Јануар, иако неговата кристална јаснотија многу лесно дава ветувања што често ги заборава…
Среќна Нова 2010!