The secret!
Posted by istocna on dek 26, 2009
Еленор Рузвелт рекла:
“никој не може да те понижи без твоја согласност“
да, драга Еленор,
кога надежите ќе станат навика,
а очекувањата терет,
време е да ги фрлиме телефоните
и да излеземе на дождовите, доаѓаат, нешто како солзи
а јас ќе им се смеам, боса,
ќе ги вдишам облаците од тлото
до последен здив…
во мојте јастуци, двор, стомак, во мојте очи
се будат јин и јанг
да ме потсетат да верувам
дека `се е возможно само кога нештата
преминуваат од теорија во пракса.
затоа, неможам да направам
ништо повеќе од тоа
да го свртам космосот
да ја потера водата
на мојата воденица.
“космички длабочини во новото лице. светлини на крајот, фузија од енергии, игра на меѓупланетарни атоми. некаде во крајот на мастилово-пурпурните магнетни безвремени бремиња, доаѓа светлина. од истокот-источна!”
имплозија
Posted by istocna on dek 24, 2009
Ноќва се имам сама себе меѓу твојте зборови, се имам како порано, како девојчица со поглед упатен во прозорот од каде се посматра светот. Некој свет како твојот свет. Радо би влегла… способна да очекувам многу повеќе, а да барам многу помалку.
… боље би било обратно…
(ма би било најбоље ништо – чист зен.)
… а у меѓувреме погледни у себе и убаци нов заплет, нешто хаотично или фантастично… можда излет на другиот крај на галаксијата. (градов и онака е анемичен)
Сакам да те имам подолго и да те имам повеќе… нескротливи облици со кои обликуваме нешто што го нарекуваме : кафе . Џабе знам дека не може да биде само – кафе…
никако само вода, малку шеќер и тој чудотворен кафеав прав…
… i dok ti blistas, ja se bojim, bojim…
Простор мој и твој во кој расте љубопитноста, по некој поглед, секој со својата интерпункција…
(ми требаш)
Сите имаме сон,
но што кога сонот не има нас?
опасно е да си играш со сонот…
а ноќеска ми беше топло, бев ритам, бев пролет…
и знам,
ќе дојдеш пак
да ме прелиеш
со мирисливо масло
и латици
што ја покриваат
тајната
во која постојат
нашите ноќи
и по некој млад месец
што ми клизи по телото
таму каде што
ми го даваш својот леплив
сок,
(додека ме слушаш како дишам…).

Една патетична
Posted by istocna on dek 24, 2009
Одсекогаш сум паѓала на некои `чудни` ликови…
а богами и ситуации.
Мирисот на непредвидлив пат повторно ме чека,
рано сабајле патувам на југ, онака непромислено,
ама морам да ги одредам границите на морето
и да ги обликувам брановите што ме ваљаат…
баш се без компромис,
(некои граници мора да се одредат)
додека далечините на исток молчат…
сети се Ти на она “никој да не види“,
ако се деси Јас да ги продадам соништата.
или да заборавам, сеедно.
од самиот почеток незнаев
како да знам каде завршува
и каде почнува Љубов.
премала сум да сваќам озбилно,
преголема да се плашам од било што
освен од себе…
ама ОК е,
по ѓаволите и морските длабочини!…

Добар народ
Posted by istocna on dek 23, 2009
Никогаш не војувале. Не знаат што значи тепачка. Никогаш на се нервозни ниту уплашени. Не ги тепаат и не ги караат своите деца. Нема псовки и навреди во нивниот јазик. Секогаш се насмеани.
Таков народ постои. Живее во амазонската прашума во Венецуела, се викаат Пиаро и ги има околу 10.000 лица. Едноставно, толкава добродушност на многу им изгледа по малку зачудувачка и некои научници се обиделе да ги откријат причините за тоа. Преземени се наколку научни експедиции за да се проучат тие луѓе кои како да дошле од некој друг свет.
Генетските истражувања покажале изненадувачки резултати. Еден антрополог кој учествувал во експедицијата изјавил: „Постојат биолошки причини за ваквото однесување. Делумно тоа се должи и на вегетеријанската исхрана чија основа е „касави“ брашно од еден вид житарица ”.
Но само исхраната не може да биде причина за мирољубивоста на овој народ. Нивнито образование и култура се базира на ненасилство и почитување на другите. Но, племето кое живее во нивното соседство, воопшто не е против војната.
Кај Пиароите борбата одамна е заборавена. А ако некој туѓинец им се приближи на груб и агресивен начин, тие веднаш ќе се скријат во џунглата.
Природата ја сакаат и чуваат и од неа земаат само што им е неопходно за живот – ловат неколку врсти птици и мали глодари.
Припадниците на ова племе имаат силно развиен осет за заедништво. Водач на селото се избира врз основа на искуството и способноста, а сите важни одлуки се донесуваат на демократски начин. Сите важни прашања ги решаваат заеднички, за нив се водат дискусии кои понекогаш траат и повеќе денови, но решенијата се секогаш задоволувачки.
Сепак, најмногу изненадува потполното отсуство на казнување. Секој кој направи некоја грешка едноставно се извинува и тоа е сè.
Во овој суров свет во кој живееме, народот Пиаро е воодушевувачки пример дека луѓето можат да живеат и поинаку.
Ова не е бајка, чудата понекогаш и навистина постојат.

Изгубениот рај
Posted by istocna on dek 22, 2009
Мигови кога времето пука како зрела лубеница, а мислите се прелеваат во некои нови светови без имиња… светови кои тихо ги потопивме во нас. Се сублимираме на допир… (еден ден кога ќе се сретнеме нема да знеаме од нас двајца кој е кој)… тогаш можам да ги исфрлам од умот сите ствари, секоја мисла… за морињата… за дождот… причините… за сликите од детството… тогаш можам `се да поедноставам.
некогаш светот заличува на изгубениот рај…
Нашиот град го голтнаа автомобилите, станувам клаустофобична, крадам кислород, но дишам во твојте раце за сите денови кога ме голта секојдневието… црно-бели денови.
… а ние во боја… (уствари тотално шарено).
И го држам здивот врз влажните усни `се до црвената линија, до следното чисто вдишување на нашата приказна. Саквме да бидеме… а не ни знаевме. (факинг романтично). Останува само да го соберам времето во дланките и да го развлечам по патиштата што не чекаат. И допирот е допир (е) допир сме ние, си ти, сум јас… (додека молчевме).
… есенцијата на разбирањето е кога со
некого молчиш и разговараш повеќе
отколку кога разговараш со зборови…
