(без) тло

Posted by istocna on jun 26, 2010

Повторно ти успеа да го скроиш моето емоционално тело како украсна хартија само затоа што си силен и можеш да ме чуваш од пролетни грмотевици, счучурена на мојот сплав од соништа.
и сосема е можно пак да имам 17,  зошто ни сама незнам како се губам во прашумата на чувствата додека се преправам дека сум девојка која не плаче на глупости
и која знаеш како да ја насмееш со приказната за Енглезите кои не знаат ни од која страна на улицата се вози…

4d8b573199e914509951fdesw7

“I sad sam dobro, bez imalo straha, tek
sad kad gubim tlo pod nogama.”

Share

околу некои централни животни ставови

Posted by istocna on jun 21, 2010

веројатно на несреќа на оној/онаа со ставот – посебно што не ги дели интересите на  повеќето древни Спартанци. Оди вака некако:

Некојси и нечиј антички крал имал намера да ја нападне Спарта, и се заканил со зборовите:

Ако победам во оваа војна, засекогаш ќе бидете робови!!!

Тие одговориле: 
- Ако.

a2703d5867456f5f

*се убедувам, изгледа и тешам. дека станува збора за стратегија.*

Share

Продолжена секунда – Ејми Вајнхаус

Posted by istocna on jun 5, 2010

Да не беше девојката, која, за многу, а всушност  за најголем дел од луѓето e изгубен случај (но, краткиот излез од рихаб, и* го покажа лицето некако сосема ново, тажно и чистo). Read the rest of this entry »

Share

Cосема случајно

Posted by istocna on maj 29, 2010

Xм, да, да, сосема случајно… како случајности да постојат.  Недореченоста ја надокнадија  движења на телата, жиците на гитарата… запалена цигара у пепељара…

секогаш постои последна вистина зад вистината што ја криеш. Read the rest of this entry »

Share

Tатко ми сакал син :)

Posted by istocna on maj 12, 2010

Денес сакам да ги гушнам сите што ги сакам и да ја измерам должината на нивните насмевки, да ги поведам со себе и да се растопам…
во еднаквост со пролетта…

(сеуште трае таа alfa сензација
на сите мои чувства,
он стварно знае да ме разгали)

Денес срцето ми се вика Махатма и
и Денес, само денес сум владетелка на Планетите… А сега одам да го направам Сонцето пожолто,
да ги измијам генетски-не-модифицираните Јагоди
и да ја дувнам мојата роденденска свеќичка.

… а и време е да пребројам колку космички кругови имам направено…

можда ќе докажам дека све се врти,
а ништо не се повторува.

oh27,2007

Share

Cestit 1-vi Maj !

Posted by istocna on maj 1, 2010

знаеш, имаме два сериозни проблеми у македонското политичкото миље:
1. недостаток на (модерна) левица
и
2. десница која националните вредности ги дефинира во конфронтација со европеизација односно модернизација воопшто

онака само…
ради политичка коректност.

Nije lopov onaj ko pljačka banke,nego onaj ko ih osniva
by Berthold Brecht    …klikni me slobodno…

Share

јасика та

Posted by istocna on apr 6, 2010

… си беше еден комшија од соседното маало и имаше просечно убава кола… за него најубава на Свет! над неа вишно во метри кон Небото се горопадеше млада неколку годишна Јасика… радосно трепереше со среброто од мешиња на тукушто пркнатите лисја, шмекерски додворувајќи му се на пролетното Сонце. Со пила ја пресече комшијата Јасиката во мугрите на денот од Дрвото… му ја росела колата со сокови на Животот.

… а, прекрасната Јасика сеуште молкум беживотно лежи на само чекор од своето вито стебло и во своите последни мигови на зелено и сребро, грчевито суштествено му пркоси на крајот, прашувајќи се каде ли погреши и со што некого навреди… драго ми е што во допир со неа, сите ние драги мои, наново и наново го гледаме ликот на ближниот свој, кој како да паднал од друга планета и не вознемирува со конкретната вистина, дека ѓубрето е пред нашите порти… можеби засекогаш…
rabuzin-ivan-drvece-seriografija-54x74-cm-slika-1431449

Share

Успут… бифор ај слип

Posted by istocna on mar 29, 2010

Фино што ме потсети ноќва на она кога ми збореше за Кундера, кој успут кажал:
јer “nikoga još ne zatvaraju zbog mišljenja”,
a
“značaj Praške jeseni mogao bi u konačnici
biti veći od značaja Praškog proljeća”.

… и кој бескрајно многу дувал и бескрајно врските му пропаѓале затоа што не бил сфатен… и кога ми збореше за свемирот на нашите мммм желби уз држење за раце… и љубење… скриени по селските патчиња покрај автопатот… и се присетив кога со раширени раце викаше “јас сум патник на светот“… хе… дека ќе имаш следбеници кои ќе станат патници на светот со кои ќе се среќаваме успут по патиштата…

а ако тоа не ни успее ќе одиме у Индија, па успут и кај оној Саи Баба да не излечи од вакви мисли…

… па можда и ќе се просветлиме … успут…
додека пиевме многу, многу пиво…
…баш фино што ме потсети … :)

800px-Soft_moccasin

»Veliki duše, pomozi mi
da nikoga ne sudim,
dok nisam
mjesec dana hodao
u njegovim mokasinama…«

(Iz Indijanske molitve )

Share

Oва не е љубовен пост

Posted by istocna on mar 14, 2010

понекогаш ме оплеменува самотијата кога те нема на мојот кауч. тогаш мотам една со оној жолт, дамаскин тутун во сина хартија и ги собирам оние слатки зборови и допири како хербариум со ретки билки, за некои немирни времиња, оние, кога не е доволно тропкање во тибетанските лончиња за терање на лошите духови и кога мислам дека со моето сочуство можам да го сменам светот. тогаш второто на што помислувам е: ј*бало ме сочуство и крива идеологија, кога и онака светот почива на оксиморони и сувишности кои треба да се истераат… но сега е пролет па можам да го оставам прозорот цела ноќ отворен, и онака никогаш не сум сигурна дали сум пуштила доволно кислород внатре.

сакам со боси стапала и мокра коса да ти раскажам уште една приказна пред да приметиме дека се разденило, иако е утре работен ден.

понекогаш имам чувство дека само ти знаеш да ме направиш брилијантна – и расплакана и насмеана и мокра од дожд…

…под сонцето

000004740_malena2X

Share

Вирџинија

Posted by istocna on fev 25, 2010

Смртта на писмата ја забележа Вирџинија Вулф околу почетокот на минатиот век, чии деца сме. Малку се колебав околу она „чии деца сме„: би ја отфрлила лесно и со драго срце, од повеќе од само неколку причини. Стилистички е речиси неподнослива, а стилот во некои други јазични па и концептуални сфери е пресуден во однос на вредноста. Има и друга инстант опција: „чиј производ сме„. Производи сме, колку и да се опираме на таа одредба. Некои од нас во поголема, некои во помала мера…

Веројатно ќе се се смеам гласно, со груб до вулгарност звук додека го препрочитувам текстот на Вулф наспроти белешките од моето сеќавање, додека го препрочитувам текстот, тоа ако го најдам. Ја читав неодамна, зимово, додека барав автореферентни текстови на жени писателки. во европа, западна, централна, накај северна, од МКД гледна точка (ова околу компасот, за мене мов е за галење, а и за откинување од лебот) , жените што се занимавале со пишување, или ведрана рудан што би рекла : пискарала, па и писателки, се движат од калугерки – некогаш(светици сега, некои од нив), домаќинки – сега (претежно книги за деца, но светлосни години далеку од нешто што би личело на Луис Керол, ова откако ги систематизирале сите рецепти и адресарот, па повторно Змејот Досада ќе почне да ги голица со црвен чадор па брзаат со списоците за на пазар). Азијките куртизани. Ќе го изоставам коментарот за оние ликови, често девојчици кои пишуваат за своите е*ачини додека содржината Луи/Витоните ќе се разлее покрај креветот. Ова ти го пишувам колку и да не ти е интересно и исто толку непровокативно за читање како што би биле оние гореспоменати списоци за на пазар, го пишувам како експеримент, обид да се разбуди од клиничка смрт , дијагнозата одредена од Вирџинија Вулф, а тоа го правеше со значајна доза на меланхолија, ако добро се сеќавам, а не се сеќавам.

A тешко ми е бидејќи постојано ме вшмукува во себе интензивниов вртлог кој се движи помеѓу краниумот и градите, па ми се склопуваат очите. Ама во грч. Ќе има многу грчеви во ова писмо.

Поигрувањата се скромни: симболични и магични, и скромни дури и на лично ниво. Заборавив да ти кажам дека без самракот испаруваат, ги снемува, како витамин Д, како они деликатни хранливи состојки. Да речеме што се во млекото. Стаклена флаша млеко на дневна светлина, во близина на кујнскиот прозорец, и – аш! Како и да се движам, што и да правам тоа е река , јас сум река, а тие лешкарат, лезетарат, по хаосот како овој сега во мојата соба. Откако дојде ти и хаосот се повлече, а вечерва, со самоволието, инаетот, кои не се мои, и надојде. Како плими и осеки. Башка и полна месечина е. Или беше?

Знаеш ли што знаеш да (на)правиш? Да ме повлечеш по ракавоt , да ми ја потегнеш внимателно , па да речеме нежно, раката, и да ми ја покажуваш месечината. Затоа сеуште верувам во тебе. Верувам дека е можна деа во сета брзина што ти се случува ќе се седнеш и ќе го прочиташ сето ова. И овде и у инбокс, овде ремикс, таму демо. Овде во собава, албумска верзија. Ова е мојата музика, без финти за на сцена…

Ако се потрошив некако тоа беше трошење на нуркање кое беше потрага по бисери кои раскажуваат. Од тоа е составен светот, тоа се неговите граници, ѕидови и порти: ова ништо ново, веќе е „народна пословица„ у секој народен прирачник. А знаеш за охридските бисери . Тоа е обично со состојбите на луѓето.Дали се притиснати и присилени тоа да го прават или го избираат, зависи од општиот… брзам сега да се припијам до тебе, целата горка, наспроти… ќе продолжам после…Надвор сега се* е позлатено. Ќе подзатворам. Ете, слушалките велат, уште еднаш подударност
on a clear day i can see forever that the underworld is my oyster.

Се плашам од блискоста која следи, ама и не се плашам. Ама изглеа се плашам, а не се плашам од блискоста која ќе изостане. Надвор е златно. Кога почнав беше темнеца. со сребрени рабови, од месечината. И седнав да ти пишувам за мојот предлог околу заедничкиот и самостоен физички живот кој не остава трошки после доручекот на масата.

passionmetalheaddo5

Share