Just another Webstrane.info weblog

Бисер до бисер,
нанижан на син конец
послан до бескрајот.

Скали во недоглед,
пред мене распослани
чинам до небото водат.

И илјадници цветови
сини,црвени,жолти,бели…
Во најразлични бои
се прелеваат од сончевите зраци.

Пеперутки,шаренокрили
танц свој шират над нив.

Дали се тоа солзите исплакани,
кој скажуваа приказни
со болка испреплетени?

Поминувам со нежен допир над нив.
Над секој цвет,
кој од чуден страв
латиците свои во пупка ги чуваат затворени,
никој да не допре до нив.

Зар допирот во магија се претвара
и од секоја пупка
прекрасен цвет излегува.

Чувствувам опоен мирис
низ воздухот се шири
и чудна сила ме придвижува.
Зачекорувам.
Уште една скала угоре…

Долг е патот
пред мене распослан,
но можам…ќе истраам.

Да го допрам
синилото на небесата,
душата да ја наполнам,
срцето да го исполнам.

Од сонцето
зрак светлина
во раце да соберам.

Од ноќта
звезди да украдам.
Со гердан од звезди,
бело грло да закитам.

И со волшебно стапче,
насекаде
љубов да подарам!

Share
avgust 3rd, 2010 at 08:47