Ми требаш

18 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

За мене, можеби привидно,

во овие квадрати неколку

нé распослав.

Своја, ил изгубена,

Среќна, ил тажна.

Која ли сум јас?

Сешто и ништо

би можела да бидам,

ако со солзи стаклени

ти речам:

Каде си? Ми требаш!

Ќе звучи ли и тоа стаклено

и провидно?

Но, која ли сум јас,

кога, сé уште, прашината

врз чевлите

од една пролет стара ми стои?

Привидно, можеби,

кршлива, ил стамена

зборовите, гледам

од таванот ми висат

и со воздухот велат:

Каде си? Ми требаш!

Радмила Станковиќ,

на македонски препеал – Борче Панов

Писмо

18 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

и кога нé нема писмо пак ти пишувам

и во гласот тивок,

во шепотот од дождот нé измислувам…

Toa писмо предавничко,

што секогаш

некои чувства стари ни покажува,

ко раце подадени – никогаш доволно долги

да го дофатат тој миг од стварноста единствена

со соништа и насмевки, јаве и солзи размачкана…

Уште едно писмо, тебе во мене

и мене во тебе не пресипува

и се помирно, зборови и чувства,

ко делчиња што фалат,

предавнички реди

во небото само за нас измислено…

Радмила Станковиќ,

На македонски препеал-Борче Панов

Играта моја

18 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

Да се искушувам сакам, се уште тоа го сакам,

зашто на крајот, се на тоа се сведува.

Толку колку што би можела, посакувам

да создавам, да сонувам, да љубам и да давам.

Царица на судбината да бидам

и господарка на вселената, ех да бидам…

Никој, борбите и победите мои да не ги знае.

Круна од соништа да имам

и фустан нашаран во разни бои,посакувам

и вечно в спокојот и величината своја да царувам.

На силата од сонцето и убавината да се сончам

и да исчезнам, о толку да исчезнам посакувам,

се дур името мое не се заборави и пак да се вратам.

Тоа е искушението мое,

ко игра во времето помеѓу мечтите и стварноста.

Ех, тие вечни сонувања што стварност стануваат,

сонувања што секогаш наново се остваруваат.

Радмила Станковиќ,

На македонски препеал-Борче Панов

Со срцево, ликот твој

в небото најдлабоко го сликам,

соѕвездијата кај што сјаат -

и кај што сите љубови се паметат.

Со линии најнежни

од четкичката на срцето,

очите, усните твои ги сликам

и со здивот мој

вечност им давам.

В безмерјето на небото-

ѕвезди кај што се распрснуваат,

в светлечки мозаик од бои,

со срце те сликам.

Но, таму – в небесните длабочини,

меѓу ѕвездите, не те оковувам,

а сал црта по црта те сложувам,

боја по боја

од срце, ликот твој го сликам

и тоа соѕвездие го зголемувам

со сите љубови

што за навек живеат…

Радмила Станковиќ,

на македонски препеал-Борче Панов

Дожд и душа

14 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

Низ прозорецот од времето, дожд дожди гледам,

а лисјето на дрвото трепери

и од капките дождовни накитено,

блеска со крошната раскошно.

Гледам така, а и во мене дождови разни врнат.

Го сакам дождот,

па кој вели дека дождот е таговен?

Солзи се капките-да, но небесни солзи се тие тајни,

а небото на ги пушта солзите свои само зошто е тажно,

ко солзи радосници е дождот небесен.

Надвор излегувам и рацете ги ширам

и солзите небесни низ лицето и телото мои ги пуштам,

и косата се дур не ми ја натопат, не се тргнувам,

а од душата моја не почне,

мирисот на дождот да се шири.

И не знам ко којпат веќе изговарам

“Те сакам дожду”,

зашто и душата твоја мириса така,

кога на тебе ќе помислам љубен мој…

Радмила Станковиќ

на македонски препеал-Борче Панов

Две гласни ДА

14 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

Тоа што после животот,

а пред смртта доаѓа

и во борбата за и против,

сепак, со гласни две Да превагнува.

Кога копнежот да проговори би можел -

сонот не умира затоа што не се остварува, би рекол,

а само, ако не веруваш во него би престанал.

А кога копнежот и сонот

ко познаници стари ќе се сретнат -

толку позната ми е таа средба

Од желба најубава

и морница низ верата и надежта исткаена.

И ништо што во нив да нема

ќе ги спречи

и ни крај ни караболка да нема

Желбите и очекувањата и не се далеку толку,

само раце ти требаат доволно долги

за да ги дофатиш и оствариш.

А кога копнежот да зборува би можел,

приказни безброј би раскажал

поврзани со чемер и болка

и со ветувања неисполнети.

За соништата би зборувал,

оние неостварени, а ветувани,

но ништо поважно не е,

како што е да љубиш и сакаш,

да сонуваш и веруваш,

сепак, да веруваш…

Радмила Станковиќ,

на макеодонски препеал -Борче Панов

Колку ли е љубовта

длабока голема

и дали било кога

сфатена ќе биде?

Обиди трескавични

да се допре

таа мистерија

пред хоризонти

недостижни.

Колку ли е тажен

цутот од таа романса

што ко здив летен

секогаш вене?

Се може ли

до таа линија

од љубов прогресивна,

било кога

битието наше

да го извишиме?

Дали било кога ќе можеме

тој свет одвнатре

со оној однадвор

да го поистоветиме?

Ќе ги прошириме ли

и смалиме границите

помеѓу тие светови два,

кога љубовта е тоа

што љубов ја чини?

Зашто љубов е тоа

и ништо повеќе.

Сосема доволна

за сето она

што човекот го оживува.

Љубов едноставна,

со таа тајна невидлива,

ко оваа песна едноставна

и едно, сал едно

прашање

и вдахновение вечно…

Радмила Станковиќ,

препев на макеодонски јазик,

Борче Панов

Да украдам сакам

некој миг твој

в соништа да ти дојдам

и со со тишината

само да те допрам.

И в сните мои си одам,

се насмевнувам,

зашто поинаку не можам.

Или ќе заплачам,

зашто поинаку не можам.

И тогаш ѕиркам

в мислите прашни

од љубовта наша.

И се така додека

не ги склопам

моиве клепки тешки.

И се така, зашто поинаку

не можам…

Радмила Станковиќ,

препев на макеоднски јазик,

Борче Панов

Низ тишината

14 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

Ако тивко

на пола глас ти шепнам,

ќе стигнат ли зборовите мои

таму каде што треба,

ќе биде ли воздухот

доволно нежен

и мислите мои звуци да станат,

кога од срце

суетата си ја тргам

и под кожата своја

тишината ја слушам,

како ми се прикрадува и крши

и сржта од коските мои ја кине,

а знаеш

дека скам да те слушнам,

дека и самата сум Онаа

што мрмори наместо да вреска,

додека една по една

капките дождовни

барабанат по прозорецот

што време можеше да биде…

Ти ме наслушнуваш,

всушност посакуваш

за нас

низ тишината да ми зборуваш,

а нас не нема…

Радмила Станковиќ,

препев на макеоднски јазик,

Борче Панов

Сосема своја

14 dec 2011 In: Со здив оживеј ме

Се за тебе душава ми сонува

и за она местенце

од рамето твое, каде што љубам

главата моја да ја спуштам.

Се на тебе некако

в ноќта ми мириса -

низ солзи, женски онака,

чашата со нектар Божји

в рубин боја ја гледам.

И така си мислам

дека далеку од сните

со таа чаша ќе отпатувам.

По тебе душава само

да не ми сонува

под кожата своја скриена -

со надежта и ноќта покриена.

И не знам што ми стана,

кога посакав ноќва

без тебе да бидам

и замислувам

колку убаво би ми било

како сосема сум си своја.

Радмила Станковиќ

На македонски препеал: Борче Панов

Radmila Stankovic

Biografija

Ovaj blog je momenat između i izvan svega. Moje kiše, ljubav, mudrost, lepa sećanja, poezija iskra srca. Jedna lepa nostalgija, ne samo za prošlošću, i ako zbog prošlosti postoji sadašnjost i budućnost.

Kada kazem sada, sada je posledica i rezultat prošlosti. Budućnost je produžetak sadašnjosti. Kako je samo sve povezano?...


Ko je online?

There are no users currently online